Неонацизам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Нацизам |
---|
Нацистички организации
Нацизмот низ историјата
Нацистичка идеологија
Листи
|
Неонацизам е идеологија развиена по Втората Светска војна, како движење што се стреми кон обновување на нацизмот. Буквално значи „нов нацизам“.
Различни неонацистички групи имаат различни начела, но најчесто се подразбира верност и лојалност кон Адолф Хитлер, односно на неговите размислувања и ставови, на антисемитизмот, расизмот, национализмот, расна доминација (на белата раса), милитаризам и омраза спрема хомосексуалците. Неонацистите често ги користат обележјата на Нацистичка Германија, како свастиката, Зиг („S“ како на СС - ) и црвено-црно-белите знамиња. Некои групи или поединци, кои ја поддржуваат оваа идеологија, се изјаснуваат како нацисти или неонацисти, но други ги избегнуваат таквите називи за да избегнат општественa стигматизација и разни предрасуди, па дури и законско гонење. Некои европски земји имаат закони што забрануваат пројавување на пронацистички, расистички или антисемитистички погледи. Така, не постои некоја поголема политичка партија што се опишува себеси како неонацистичка во тие држави. Неонацистичките дејности се глобален феномен со организирано претставништво во многу земји, како и меѓународни мрежи. Застапен е дури и во Израел. Меѓу поединците кои се обиделе да го оживеат нацизмот се и Колин Џордан, Џорџ Линколн Роквел, Савитри Деви, Франсис Паркер Јоки, Вилијам Пирс, Еди Морисон и Дејви Мијат.