Кристална ноќ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Нацизам |
---|
Нацистички организации
Нацизмот низ историјата
Нацистичка идеологија
Листи
|
Кристална ноќ (германски: Kristallnacht или Reichskristallnacht, Pogromnacht или Ноќ на скршено стакло) е акт на масивно прогонување на Евреите во цела Германија и делови од Австрија на 9 и 10 ноември, 1938 година.
Домовите на Евреите биле опустошени во неколку германски градови, како и 8 000 еврејски дуќани, градови и села, од страна на цивили и членови на СА, кои ги рушеле еврејските градби со токмаци, оставајќи ги улиците покриени со скршени прозорци и излози. Од таму доаѓа името „Ноќ на скршено стакло“. Многу Евреи биле претепани до смрт, а 30 000 Евреи мажи биле однесени во концентрациони логори, 1 668 синагоги опустшени и 267 запалени.