Прекрасен ум
Од Википедија, слободна енциклопедија
Прекрасен ум | |
---|---|
Режија: | Рон Хауард |
Продуцент: | Брајан Грејзер Рон Хауард |
Сценарио: | Силвија Насар (book), Акива Голдсмен |
Улоги: | Расел Кроу Џенифер Конели Ед Харис Пол Бетани |
Музика: | Џејмс Хорнер |
Кинематографија: | Роџер Дејкинс |
Монтажа: | Даниел Хенли Мајк Хил |
Дистрибутер: | Universal Pictures (Домашно) DreamWorks SKG (Интернационално) |
Премиера: | 27 декември 2001 |
Времетраење: | 135 мин |
Земја: | САД |
Јазик: | англиски |
Буџет: | $60,000,000 доалри |
Бруто добивка: | 313,542,340 долари (на светско ниво) |
All Movie Guide-профил | |
IMDb-профил |
Прекрасен ум е биографски филм од 2001 година, за математичарот и нобеловец Џон Неш. Филмот беше режиран од Рон Хауард и напишан од Акива Голдсмен. Филмот е базиран на истоимениот бестселер од Силвија Насар. Главните улоги ги толкуваат Расел Кроу, Џенифер Конели, Ед Харис и Пол Бетани.
Приказната започнува во раните години на животот на Неш во универзитетот Принстон. Тој создава оригинална идеја која ќе биде револуција во полето на математиката. Но, уште на почетокот, Неш покажува дека страда од параноична шизофренија и со болка гледа како лошо тоа влијае врз неговата сопруга и пријатели.
Филмот беше премиерно прикажан во кино-салите во САД на 21 декември 2001 и беше добро-прифатен од страна на критиката, заработувајќи преку 300 милиони долари на светско ниво, а доби и четири Оскари, вклучувајќи го и оној за Најдобар филм. Но, доби и неколку критики за неточно прикажување на некои аспекти од животот на Неш.