Национална Кошаркарска Асоцијација
Од Википедија, слободна енциклопедија
Националната Кошаркарска Асоцијација (en: National Basketball Association) се смета за најсилната кошаркарска лига во светот. Лигата беше создадена во 1946 под името Кошаркарска Асоцијација на Америка (БАА). Во 1949, БАА се соедини со ривалната Национална Кошаркарска Асоцијација (НБА), и воедно го прифати името НБА.
НБА денес има 30 тимови, од кои 29 се од САД и еден тим е од Канада. 30те тимови во лигата се поделени во две конференции, Источна и Западна, со по 15 тимови. Секоја од конференциите е поделена на три дивизии од по 5 тимови. Во истокот се наоѓаат Атланската, Централната и Југоисточната дивизија. Во западот се наоѓаат Југозападната, Северозападната и Пацифичката дивизија. Типична НБА сезона има 82 мечови, и најдобрите 8 тимови од секоја конференција, добиваат право на учество во разигрувањето. Најдобрите тимови преку сезоната во конференциите се најпривилегирани, и играат против најслабо-рангираниот осми тим. Вториот и седмиот тим се разигруваат, третиот и шестиот и тн. Секое разигување меѓу два тима се вика плејоф серија. Победникот на четири од седум можни мечови ја добива серијата и се пласира в наредната рунда. После неколку кола, победниците на двете конференции се среќаваат во НБА финалето. Во најновата 2006/2007 сезона, шампионите на НБА беа Сан Антонио Спарс од Тексас.
[уреди] Играчи
Национална Кошаркарска Асоцијација | 50-те Најдобри играчи во историјата на НБА |
---|
Карим Абдул-Џабар | Вес Анселд | Пол Аризин | Нејт Арчибалд | Чарлс Баркли | Елџин Бејлор | Рик Бери | Дејв Бинг | Лери Брд | Џери Вест | Лени Вилкинс | Бил Волтон | Џејмс Ворти | Џорџ Гервин | Хал Гриер | Дејв Дебушер | Клајд Дрекслер | Џулиус Ирвинг | Патрик Јуинг | Били Канингам | Дејв Ковенс | Боб Кузи | Џери Лукас | Џорџ Мајкан | Пит Маравич | Карл Мелоун | Мозес Мелоун | Кевин Мекхејл | Ерл Монро | Хаким Олајџувон | Шекил Онил | Роберт Периш | Боб Петит | Скоти Пипен | Бил Расел | Вилис Рид | Дејвид Робинсон | Оскар Робертсон | Џон Стоктон | Ајзеја Томас | Нејт Турмонд | Волт Фрејзер | Џон Хавличек | Елвин Хејс | Вилт Чембрлен | Сем Џонс | Мајкл Џордан | Бил Шарман | Долф Шејс | |
[уреди] Тимови
Национална Кошаркарска Асоцијација (НБА) | |
Источна Конференција | |
---|---|
Атланска Дивизија: Бостон Селтикс | Њу Џерси Нетс | Њујорк Никс | Торонто Рапторс | Филаделфија Севентисиксерс | |
Југоисточна Дивизија: Атланта Хокс | Вашингтон Визардс | Мајами Хит | Орландо Меџик | Шарлот Бобкетс | |
Централна Дивизија: Детроит Пистонс | Индијана Пејсерс | Кливленд Кавалерс | Милвоки Бакс | Чикаго Булс | |
Западна Конференција | |
Југозападна Дивизија: Далас Маверикс | Мемфис Гризлис | Њу Орлеанс Хорнетс | Сан Антонио Спарс | Хјустон Рокетс | |
Пацифичка Дивизија: Голден Стејт Вориорс | ЛА Клиперс | ЛА Лејкерс | Сакраменто Кингс | Феникс Санс | |
Северозападна Дивизија: Денвер Нагетс | Јута Џез | Минесота Тимбервулфс | Портланд Треилблејзерс | Сиетл Суперсоникс |
[уреди] Најтрофејни тимови
Тим | Титули | Сезона/сезони |
---|---|---|
Бостон Селтикс | 16 | 1957, 1959-66, 1968-69, 1974, 1976, 1981, 1984, 1986 |
ЛА Лејкерс | 14 | 1949-50, 1952-54, 1972, 1980, 1982, 1985, 1987-88, 2000-02 |
Чикаго Булс | 6 | 1991-93, 1996-98 |
Сан Антонио Спарс | 4 | 1999, 2003, 2005, 2007 |
Детроит Пистонс | 3 | 1989, 1990, 2004 |
Голден Стејт Вориорс | 3 | 1947, 1956, 1975 |
Филаделфија Севентисиксерс | 3 | 1955, 1967, 1983 |
Њујорк Никс | 2 | 1970, 1973 |
Хјустон Рокетс | 2 | 1994-95 |
Балтимор Булетс (распаднати) | 1 | 1948 |
Сакраменто Кингс | 1 | 1951 |
Атланта Ховкс | 1 | 1958 |
Милвоки Бакс | 1 | 1971 |
Портланд Треилблејзерс | 1 | 1977 |
Вашингтон Визардс | 1 | 1978 |
Сиетл Суперсоникс | 1 | 1979 |
Мајами Хит | 1 | 2006 |