Бостон Селтикс
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бостон Селтикс (Англиски: Boston Celtics) е кошаркарски клуб од Бостон кој настапува во НБА лигата, во Атлантската дивизија. Домашен терен на Селтикс е „ТД Бенкнорт Центар“ во Бостон, Масачусетс. Селтикс се најуспешниот тим/организација во НБА лигата со 17 освоени титули. Второто место го заземаат ЛА Лејкерс со 14.
Селтикс се основани во 1949 и после една сезона во Кошаркарска Асоцијација на Америка (БАА), настапуваат 59 години во НБА лигата. Предводени од легендарниот тренер Ред Оербах, првата титула ја освоија во 1957. Од 1959 до 1969, во тек беше првата династија на Селтикси, и со легендарни играчина чело со Бил Расел, освоија 11 титули во 13те сезони што Расел ги одигра. Втората династија беше во 80-те, со играчи како Лери Брд, Кевин Мекхјел и Роберт Париш, освоија титули во 1981, 1984 и 1986, во луто ривалство со Лејкерси предводени од Меџик Џонсон. Двете династии беа поврзани со млад тим, предводен од Дејв Кавенс, кои освоија титули во 1974 и 1976. Во најновата НБА сезона, Селтикс ја вратија титулата во Бостон после 22 години.
Национална Кошаркарска Асоцијација (НБА) | |
Источна Конференција | |
---|---|
Атланска Дивизија: Бостон Селтикс | Њу Џерси Нетс | Њујорк Никс | Торонто Рапторс | Филаделфија Севентисиксерс | |
Југоисточна Дивизија: Атланта Хокс | Вашингтон Визардс | Мајами Хит | Орландо Меџик | Шарлот Бобкетс | |
Централна Дивизија: Детроит Пистонс | Индијана Пејсерс | Кливленд Кавалерс | Милвоки Бакс | Чикаго Булс | |
Западна Конференција | |
Југозападна Дивизија: Далас Маверикс | Мемфис Гризлис | Њу Орлеанс Хорнетс | Сан Антонио Спарс | Хјустон Рокетс | |
Пацифичка Дивизија: Голден Стејт Вориорс | ЛА Клиперс | ЛА Лејкерс | Сакраменто Кингс | Феникс Санс | |
Северозападна Дивизија: Денвер Нагетс | Јута Џез | Минесота Тимбервулфс | Портланд Треилблејзерс | Сиетл Суперсоникс |