Мека
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мека (арапски مكة Makka, полн назив مكة المكرّمة Makka al-Mukarrama) е свет муслимански град во Саудиска Арабија. Населението му е приближно 1,4 милиони жители според пописот на населението од 2004 година.
Стотици илјади муслимани одат во Мека секоја година. Најважниот објект во градот е Каба - огромен свет камен во дворот Масџид ал-Харам (или џамијата на пророкот Мухамед), којашто исто така се нарекува уште и Големата џамија.
Самата џамија е изградена околу 1570 година (или 978 година според муслиманскиот календар). Најсветото место на самиот ислам, Каба, е во средината на дворот. Секој муслиманин е должен барем еднаш во животот, ако има физичка можност, да ја посети светата џамија на Алах во Мека и да го посети гробот на пророкот Мухамед, којшто се наоѓа во Медина во Џамијата на пророкот.
На собирот во Мека, многу малку немуслиманско население има присуствувано, па според тоа и влезот во Мека за немуслиманското население е строго забранет. Најпознат од нив е сер Ричард Бартон, кој во 1853 година се претставувал како авганистански муслиманин, за потоа сите свои доживувања да ги опише во своите белешки.