Жива
Од Википедија, слободна енциклопедија
Живата е хемиски елемент со симбол Hg и реден број 80. Таа претставува единствениот течен метал, а заедно со бромот се единствените природни елементи кои се наоѓаат во течна агрегатна состојба. Поради својството правилно да се шири со зголемување на температурата се користи во термометрите.