Ефект на стаклена градина
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред сe водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата енергија да дојде до земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата (стакленичките гасови, кои формираат т.н. „ефект на стаклена градина“) како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се емитира од земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот систем.