Гроб
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гробот е место каде што е погребана една или повеќе индивидуи или е погребано некое животно. Гробовите обично се на места означени како гробишта, а во минатото се познати под терминот некропола.
Гробовите можат да содржат архитектонски објекти, структури и делови кои на археолозите ќе им обезбедат појаснување за животот и културата за времето во кое настанал гробот.
Во некои религии се верува дека телото мора да биде недопрено, за да преживее душата.