Гватемала
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гватемала е држава во Средна Америка. Се граничи со Мексико на северозапад, со Белизе на североисток и со Хондурас и Ел Салвадор на југоисток. На југозапад излегува на Тихиот Океан, а на североисток на Карипското Море. Главен град е Гватемала Сити.
Гватемала има 12,728,111 жители и е најнаселена земја во Средна Америка.
Независна држава е од 15 септември 1821 година.