Владо Јаневски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Владо Јаневски | ||
---|---|---|
Основни информации | ||
Роден(а) | 27 ноември, 1960 | |
Потекло | Скопје, Македонија | |
Жанр(ови) | Поп музика | |
Занимање/ња | Пејач, текстописец | |
Инструмент(и) | Глас, клавир, гитара, тапани | |
Години активност | 1978 – сѐ уште | |
Прод. куќа/ќи | Моби Арт Мистер Компани Авалон Аворд Ентертејнмент |
|
Веб-место | www.vladojanevski.com.mk |
Владо Јаневски (роден на 27 ноември 1960 во Скопје) е македонски поп-пејач и композитор. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.
[уреди] Биографија
Има завршено Филолошки факултет, отсек Англиски јазик и литература. Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979), Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992). Свири на клавир, гитара и тапани. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален преставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.
Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали.
Зборува англиски, германски, италијански и руски јазик.
[уреди] Дискографија
- 1993: Парче душа (Моби Арт)
- 1996: Сѐ најдобро (Мистер Компани)
- 1996: Далеку е небото (Мистер Компани)
- 2002: Има нешто посилно од сѐ (Авалон)
- 2004: Ваков или таков (Авалон)
- 2006: Повторно се заљубувам во тебе (Аворд Ентертејнмент)