Брвеница
Од Википедија, слободна енциклопедија
Села во Република Македонија | |
---|---|
Брвеница (Република Македонија)
|
|
Општина: | Општина Брвеница |
Население: | 2918 жители |
Поштенски број: | 1216 |
Повикувачки број: | |
Надморска височина: | 436 m |
Географска широчина: | 41° 58' 2" N |
Географска должина: | 20° 58' 50" E |
Веб-место: |
Брвеница е едно од најголемите и најразвиените села во Тетовско, покрај другото во селото се наоѓа и седиштето на општината Брвеница.
Содржина |
[уреди] Географија и местоположба
Се наоѓа во Долен Полог на околу 7 km јужно од Тетово на надморска височина од 440 m, на левата страна од реката Темишница (лева притока на реката Вардар). Низ атарот на селото Брвеница поминува и најголемата река во Република Македонија - Вардар. Селото се наоѓа близу до планината Сува Гора, и има одличен поглед кон Шар Планина. Заедно со селото Долно Седларце претставува една голема современа населба.
[уреди] Економија
На територијата на Брвеница, постојат неколку стопански субјекти во кои се вработени повеќето од жителите на селото. Позначајни стопански субјекти се Земјоделскиот комбинат "Вардар" и мелницата за преработка на сточна храна "Агро Слога". Бидејќи селото се наоѓа во Полошката котлина, една од најплодните рамници во Република Македонија, населението од селото се занимава со полјоделство, овоштарство и интензивно сточарство.
[уреди] Демографија
Брвеница има 2981 жители од кои: 2834 се Македонци, 68 се Срби, 1 е Бошњак и 15 се изјасниле како други. Добар дел од населението на Брвеница се наоѓа на привремена работа во странски земји: Германија, Италија, Англија, САД, Канада, Австралија.
[уреди] Општествени институции
Во селото има осумгодишно основно училиште “Кочо Рацин“, парк во центарот на селото каде се наоѓа споменикот на паднатите борци за време на НОВ. Во селото има стандардно фудбалско игралиште на кое се одржуваат фудбалски средби. Постои амбуланта со постојано вработен лекар и медицински сестри. Во селото постојат повеќе авто-сервиси, дискотеки, кафе-барови, интернет кафеа, продавници. Селото Брвеница има изработено и урбанистички план со што Брвеница е едно од најурбанизираните села во Република Македонија.
[уреди] Редовни настани
Во Брвеница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:
- Одбележување на Божиќ (6 јануари)
- Водици (19 јануари)
- Празникот св. Атанасиј (31-ви Јануари) посветен на црквата св. Атанасиј во Брвеница
- Прославување на празникот Илинден (втори август)
[уреди] Познати личности
- Станое Глишиќ - поранешен фудбалер, поранешен градоначалник на општина Брвеница.
- Јовица Стојановиќ - поранешен партиски директор на најголемиот казнено-поправен дом во Македонија - Идризово (2004-2006).
[уреди] Култура и спорт
Последниве години поради немањето финансиски средства, згасна познатиот ФК Вардар од Брвеница.
[уреди] Селски маала и други топоними
Во селото Брвеница и неговата околина се употребуваат следниве топоними: Дубрава · Бара · Бел мост · Бент · Брегови · Гробишта · Игралиште · Јурија · Корија · Коњобара · Ладнача · Пржоа бавча · Седралечки мост · Седралечки пат · Фонтана · Стадион · Центар · Црквино · Шаторица · Школско