24 април
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мар - Април - Мај | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | ||||
календар за 2008 г. Сите дати |
24 април е 114-иот ден во годината според григоријанскиот календар (115-и во престапна година). Остануваат 251 денови до крајот на годината.
Настани:
1184. п.н.е. | Според преданието, Данајците навлегле во опсадената Троја преку групата скриена во подарениот Тројанскиот коњ. Оттука поговорката: „Не им верувај на Данајците ни дарови кога носат“. |
1854 | Врховниот суд на САД донесе пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструира машината за шиење и во потрага за покровител отиде во Англија, каде директорот на патувачкиот театар „Сингер“ и други луѓе го измамија и почнаа да ја произведуваат познатата „сингерка“. Своето право на патентот, Хау го доби по судски пат и секојдневно примаше по 4.000 долари за лиценцата. |
1898 | Шпанија објави војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на Мадрид од Куба. |
1945 | Втора Светска војна: Американската армија го ослободи германскиот нацистички концентрационен логор Дахау. |
1949 | Во Скопје се одржа првото Универзитетско собрание во Македонија. Притоа е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го доби името „Кирил и Методиј“, а од 12.11.1992 година, „Свети Кирил и Методиј“. |
1970 | Лансиран е првиот кинески вештачки сателит. |
1995 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво. |
Родени:
1942 | Барбара Стрејсенд, американска актерка и пејачка. |
Починале:
1905 | Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување. |
1993 | Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |