1818 |
Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот. |
1935 |
Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата. |
1963 |
Франција ги повлече поморските сили од НАТО. |
1990 |
Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна. |
1994 |
Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1994 |
Почна пописот на населението, домакинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија. |
1996 |
Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. |