21 јуни
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мај - Јуни - Јул | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | ||||||
календар за 2008 г. Сите дати |
21 јуни е 172-иот ден во годината според григоријанскиот календар (173-и во престапна година). Остануваат 193 денови до крајот на годината.
Во астрономијата - вообичаената дата на која настапува сончева пресвртница, односно денот на кој сонцето изгледа како да седи во место.
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак рак.
Настани:
1818 | Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот. |
1935 | Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата. |
1963 | Франција ги повлече поморските сили од НАТО. |
1990 | Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна. |
1994 | Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1994 | Почна пописот на населението, домакинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија. |
1996 | Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
Родени:
1905 | Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател. |
Починале:
1874 | Јонас Ангстрем, шведски физичар и астроном. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |