14 септември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Септември 2008
14 септември е 257-иот ден во годината според григоријанскиот календар (258-и во престапна година). Остануваат 108 денови до крајот на годината.
Настани:
1847 | По низа победи во Американско-мексиканската војна, единиците на САД под команда на генерал Видфилд Скот го окупирале Сиудад Мексико. Со мировниот договор мексиканската Влада била принудена на воено посилниот сосед да му ги отстапи Калифорнија, Јута, Аризона и Њу Орлеанс. |
Починале:
1924 | Во познатите септемвриски горно-џумајски колежи убиен бил Арсениј Јовков, македонски револуционаер и публицист. Своите духовни сили тој ги посветил на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на журналистиката. Учествувал во Илинденското востание. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија на филм“ во 1923 година. Роден е во селото Селци, струшко, на 25.03.1884 година. |
1977 | Во Хемшајр, во Англија починал Леополд Стоковски, американски диригент од полско потекло, пропагатор на современата музика, еден од најпознатите диригенти во светот. Роден е во Лондон, на 18.04.1882 година. |
1982 | На приодот на Монте Карло, во Франција во сообраќајна несреќа загинала славната холивудска артистка, принцезата од Монако Грејс Кели. Родена е во Тексас, во 1928 година. |
1996 | Пеце Атанасоски, македонски инструменталист - гајдаџија. |
1996 | Благоја Николовски, македонски вокален солист - тенор. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |