Централна временска зона (Северна Америка)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Централната временска зона е шест часа назад од UTC во стандардното време (UTC-6) и пет часа во летното време (UTC-5). Времето за оваа зона се добива од средното сончево време од меридијанот 90° западно од Гриничката опсерваторија.
Во САД и Канада, оваа временска зона обично се нарекува Централно време (Central Time, CT). Поточно, во однос на стандардното време (преку зима) е Централно стандардно време (Central Standard Time, CST), а преку лето е Централно летно време (Central Daylight Time, CDT).
Оваа зона е еден час пред планинската временска зона и еден час зад источната временска зона.
[уреди] Канада
Канадски провинции што се целосно под централната зона се:
Канадски провинции што се делумно во централната зона, а делумно во друга, се:
- Нунавут (источна), најголемиот дел од регионот Кивалик и дел од Кикикталук
- Онтарио (источна), северозападен дел
- Саскачеван (планинска), речиси целосно во средишниот дел
[уреди] САД
Држави од САД што се целосно под централната зона се:
Држави од САД што се делумно под централната зона, а делумно под друга, се: