Хуго де Паен
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хуго де Паен или Иг де Пајен ( околу 1070 - 1136) бил познат француски витез од провинцијата Шампањ којшто се смета дека е основач на витешкиот ред, темплари и првиот Голем мајстор. Тој заедно со светиот Бернард од Клерво го изработил Латинскиот правилник за однесувањето во редот на темпларите.
[уреди] Биографија
Хуго де Паен најверојатно е роден во Пајнс на околу 10 км од градот Троа во областа Шампањ. Тој бил вазал на грофот Хуго од Шампањ кого го придружувал во Првата крстоносна војна. Сосема веројатно е дека за време на крстоносната војна, Паен служел во армијата Годфроа де Булион. Кога грофот Хуго од Шампањ го отишол во Ерусалим по втор пат во 1108, тој бил придружуван од Хуго де Паен. По враќањето во Франција, Хуго де Паен подготвувајќи се повторно да оди во светата земја, по желба на папата Урбан II со себе земал 9 витези коишто биле ангажирани за обезбедување на аџиите коишто оделе во Ерусалим од пљачкашките банди и сиромашните крстоносци.
Де Паен стигнал до кралот Балдвин II во Ерусалим со 8 витези од кои двајца биле браќа, а сите биле роднини. Тоа биле првите витези, темплари. Нивните имиња биле Годфреј де Сант- Омер, Пајен де Монтдидие, Архамбо де Сент Агнан, Андре де Монтбард, Жофри Бизон и уште двајца витези препоантливи само по имињата Росал и Гондамер. Деветтиот витез е непознат, меѓутоа се шпекулира дека тоа е можно да бил лично грофот Хуго од Шампањ.
Како водач на витешкиот ред, тој ги водел темпларите скоро 20 години, се до неговата смрт. Тој се грижел за тоа витешкиот ред да прерасне во меѓународна воена и финансиска институција.
Де Паен отишол во Англија и Шкотска во 1128 година. Во близина на Лондон ја формирал првата темпларска куќа, а уште една формирал и во близина на Единбург, позната како Храм Мидиотијан.
Хуго де Паен умрел во Палестина во 1136 година, а на чело на витешкиот ред го наследил Роберт де Краон.
Претходник: -- |
Голем мајстор 1118–1136 |
Наследник: Роберт де Краон |