Холоцен
Од Википедија, слободна енциклопедија
Холоценската епоха е геолошки период, кој започнува приближно 11,550 календарски години пред денешно време, односно околу 9600 п.н.е.) и истата продолжува до денес. Холоценот е дел од неогените и квартерни периоди. Неговото име доаѓа од грчките зборови ὅλος (холос, сосема или потполно) и καινός (каинос, ново), со комбинирано значење "сосема блиско, ново".
Холоценот уште го носи и името "Алувиумска епоха", но ова име е веќе подзаборавено.