Ран палеолит
Од Википедија, слободна енциклопедија
Наоѓалиштата од раниот палеолит (пред 2,6/2,3 милиони до 128.000 години) потекнуваат од крајот на терцијерот (плиоцен) и периодот на долниот и средниот плеистоцен. Најстаријте орудија за работна и друга намена припаѓаат на културата ОБИНТАКА (пред 2,6/2,3 милиони до 700.000 години) и потекнуваат од локалитети долж јужно афричката пукнатина ( Хадар, Олдувај, Мелка-Кунтуре). Фосилни остатоци на австралопитекус, хомохабилис и првиот хомоеректус, исто така потекнуваат од оваа област, па затоа таа се смета за колевка на човештвото.