Хипотенуза
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хипотенуза на еден правоаголен триаголник е најдолгата страна на триаголникот - страната спроти правиот агол.
Должината на хипотенузата се одредува по Питагорината теорема, која вели:
- c² = a²+b², каде
- c е хипотенузата,
- a и b се другите страни на правоаголниот триаголник (катетите).