Рок музика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Рок музика | |
---|---|
Стилско потекло: | Рокенрол, повеќе блуз, (најмногу џамп блуз и чикаго блуз) Кантри музика Џез Американски фолк |
Културно потекло: | Доцни 1940-ти Кливленд, Детроит, Њујорк, Филаделфија |
Својствени инструменти: | Гитара, електрична гитара, бас, тапани, клавијатура |
Популарен: | Еден од најпродаваните музички форми од 1950-те |
Произлезени форми: | Алтернативен рок - Хеви метал - Пост-рок - Панк рок |
Поджанрови | |
Уметнички рок - Христијански рок - Класичен рок - Пустински рок - Detroit rock - Емо - Експериментален рок - Гаражен рок - Женска група - Глам рок - Хард рок - Инструментален рок - Џем бенд - Софт рок - Јужначки рок - Сурф рок | |
Претопени жанрови | |
Блуз рок - Кантри рок - Фолк рок - Инди рок - Панк рок - Џез фузија - Прогресивен рок | |
Регионални сцени | |
Босна и Херцеговина - Македонија - Хрватска - Финска - Германија - Србија - Шведска - В. Британија - САД - СФР Југославија |
Рок музика е форма на популарна музика со проминентна вокална мелодија, придружена со гитара, тапани и бас гитара. Многу стилови на рок музиката користат и клавијатурни инструменти, како што се пијаното и синтисајзерите. Други инструменти кои поретко се искористени во рокот се саксофон, хармоника, виолина, флејта, тимпани и др. Рок музиката има силно темпо и често се фокусира околу гитара, електрична или акустична.
Рок музиката своите корени ги има во 1940-те и 1950-те форми на рокенролот, кој еволуирал од блуз, кантри музиката и други влијанија.
Во доцните 1960-ти, рок музиката се соединила со фолк музиката за да создаде фолк рок, со блуз за да создаде блуз рок и со џез за џез-рок фузија. Во 1970-те, рокот примил влијанија од соул, фанк и латино музиката. Исто во 70-те, рокот добил голем број на поджанрови, како што се софт рок, хеви метал, хард рок, прогресивен рок и панк рок. Рок поджанровите кои се појавиле во 1980-те вклучуваат синтпоп. хардкор панк и алтернативен рок. Во 1990-те, нови рок поджанрови се гранџ, бритпоп, инди рок и ну метал.
Група на музичари специјализирани во рок музика се нарекува рок бенд или рок група. Многу рок бендови се состојат од гитарист, пејач, бас гитарист и тапанар, формирајки квартет. Некои групи користат пејач кој истовремено свири на инструмент додека пее, притоа формирајки трио; други вклучуваат двајца или еден ритам гитарист и некој кој свири на клавијатура. Многу ретко, групите користат жичени инструменти како што се виолина или виолончело и/или дувачки, како саксофон, труба или тромбон.