Википедија:Начела и насоки
Од Википедија, слободна енциклопедија
Википедија е заеднички проект и неговите основачи и корисници имаат заедничка цел:
- Нашата цел со Википедија е да направиме слободна и релевантна (во смисол на вистинита) енциклопедија - навистина, најголема енциклопедија во историјата, и во ширина и во длабочина.
Википедија има некои начела и насоки што ни помагаат да работиме кон оваа заедничка цел. Некои од овие начела сеуште еволуираат, додека другите се подолго време воспоставени и најчесто неконтроверзни.
Додека нашите начела еволуираат, многу Википедијци сметаат дека пишаните правила се инхерентно неадекватни да ги покријат сите можни варијации на пореметувачко и злобно однесување. На пример, корисник кој постапува против духот на нашите пишани начела може да биде строго укорен дури ако формално правилата не се прекршени.
Содржина |
[уреди] Клучни начела
Не е потребно да го прочитате секое начело на Википедија пред да придонесете! Сепак, следниве се клучни кон продуктивно Википедија искуство, и што побрзо се справите со нив, подобро.
- Википедија е енциклопедија. Нејзините цели не одат понатаму. Видете што не е Википедија за повеќе информации. (врска за ова прашање на англиската вики)
- Избегнете пристрасност. Статиите треба да бидат напишани од неутрална гледна точка, која ги прикажува различните гледишта правично и со уважување.
- Не нарушувајте авторски права. Википедија е слободна енциклопедија која функционира според GNU Free Documentation License (на англиски). Поднесување на дело кое ги нарушува авторските права е закана за нашата цел да изградиме навистина слободна енциклопедија која секој може да ја редистрибуира, и може да доведе до правни проблеми. Видете Википедија:Авторски права за повеќе информации. (врска за ова прашање на англиската вики)
- Почитувајте ги другите соработници. Соработниците на Википедија доаѓаат од различни земји и култури, и имаат многу различни гледишта. Третирањето на другите со почит е клучно за ефективно соработување при изградба на енциклопедија. За некои насоки, видете Википедија етикета (врска на англиски), Правила за однесување при конфликт (врска на англиски), Решавање на спорови (врска на англиски) .
[уреди] Останати начела и насоки
Врски кон различни начела може да се најдат во следните категории:
- Категорија:Официјална политика на Википедија - начела кои се нашироко прифатени и се очекува да бидат следени
- Категорија:Насоки на Википедија - помалку ригидни правила кои се главно консензуално прифатени и применувани во повеќе случаи
[уреди] Конвенции
Преку следење на следните конвенции можеме да направиме поконзистентна и покорисна енциклопедија:
- Уредувачка политика (врска на англиски) (Како да се уредуваат статиите)
- Конвенции при именување (врска на англиски) (Како да се именуваат статиите)
- Појаснување (врска на англиски) (Како да се разрешуваат спорови при именување)
- Политика на употреба на слики (врска на англиски) (Работа со подигнувања)
- Политика на бришење (врска на англиски) (како да номинирате страници за бришење, и како (ограничено) да бришете статии)
[уреди] Процедурални прашања
[уреди] Како се усвојуваат начелата (политиките)?
Најголемиот број Википедија начела се формулирани во раните денови на проекти, генерално пред крајот на 2002. Измените и дополнувањата се прават со консензус (врска на англиски), иако во пракса консензус за промена на политиката е навистина тешко да се постигне. Во многу случаи, начелото се развива неформално; пишаните начела најчесто кодифицираат подолга традиција.
Предложените и одбиените категории се наоѓаат во овие категории:
- Категорија:Предложени Википедија начела - идеи предложени како можни нови начела
- Категорија:Одбиени Википедија начела - идеи за начела кои се одбиени или напуштени
Исто така, видете Википедија:Како се создава начело. (врска на англиски)
[уреди] Како се спроведуваат начелата (политиките)?
Вие сте уредник на Википедија. Википедија нема главен уредник или централизиран хиерархиски механизам кој го прати и одобрува секојдневниот прогрес на енциклопедијата. Наместо тоа, активните учесници ги пратат скорешните промени и прават измени во согласност со содржината и форматот на проблемот што ќе го сретнат. Така, Википедијците се истовремено и писатели и уредници.
Повеќето начела и насоки, на тој начин, се спроведуваат од поединечни корисници кои ги уредуваат страниците, и ги дискутираат прашањата меѓусебе. Некои начела исто така се спроведуваат преку привремени блокови (главно, механизам за справување со вандализам). Во екстремни случаи Комитетот за Арбитража може да донесе одлука заради справување со тешко решливи ситуации, како дел на поопштата процедура за решавање на спорови.
[уреди] Ограничени опции
Некои од опциите на софтверот кои може да бидат потенцијално злоупотребени, како што е бришење на страници и заклучување на страници од уредување, се ограничени на администраторите, кои се искусни членови на заедницата на кои може да им се верува. Начелата кои главно се однесуваат на администраторите се:
- Правила за заштитување (врска на англиски) (Како и кога да се заштити страница)
- Политика на блокирање (врска на англиски) (Блокирање на корисници за да се спречи вандализам или да се спроведат одлуки на комитетот за арбитража)
[уреди] Типови на начела и насоки
Како додаток на општоприфатените политики искажани во горниот дел, следните насоки се предложени од различни учесници:
[уреди] Општи насоки
- Бидете храбри во ажурирањето на страниците (врска на англиски)
- Направете мрежа (врска на англиски)
- Користење на ботови (врска на англиски)
- Давајте заклучок при уредувањето (врска на англиски)
За други корисни совети, видете Избегнување на вообичаените грешки (врска на англиски).
[уреди] Насоки за однесување
- Потпишувајте се на страниците за разговор (врска на англиски)
- Избегнувајте вулгарност (врска на англиски)
- Без лични напади (и преместете ги личните дебати по електронска пошта) (врска на англиски)
- Без правни закани (врска на англиски)
- Бидете пресметливи (врска на англиски)
- Без навредливи кориснички имиња (врска на англиски)
- Не гризете ги новодојденците (врска на англиски)
- Не правите статии за себе (врска на англиски)
- Правило на три враќања (Уредувачките војни се сметаат за штетни) (врска на англиски)
- Користете ги вашите кориснички страници соодветно (врска на англиски)
- Општи насоки за страниците за разговори (врска на англиски)
[уреди] Насоки за содржината
- Водич за пишување на подобри статии (врска на англиски)
- Објаснете го жаргонот (врска на англиски)
- Справете се соодветно со потполните бесмислици (врска на англиски)
- Цитирајте извори: насочете го читателот кон релевантите референци, (и поредете ги правилно) (врска на англиски)
- Проверливост: осигурајте се дека цитираната информација е проверлива по потреба (ова не значи дека таа е "официјална", повеќе се однесува дека дека таа постои како што е речено) (врска на англиски)
- Избегнувајте изјави кои набргу ќе застарат (врска на англиски)
- Држете се до темата (врска на англиски)
- Предупрете ги читателите за spoiler-и (врска на англиски)
- Направете ги статиите корисни за читателите (и мислете на публиката при пишувањето) (врска на англиски)
- Проверете ги вашите факти (врска на англиски)
- Насоки за користење на страниците за разговор (врска на англиски)
- Избегнувајте самореференцирање (врска на англиски)
- Зборови за избегнување (врска на англиски)
- Алгоритми на Википедија (врска на англиски)
- Избегнувајте долги, одделни заклучоци за филмови и книги (врска на англиски)
[уреди] Насоки за стилот
- Прирачник за стилот (врска на англиски)
- Не вклучувајте копии на првобитните извори (врска на англиски)
- Следете ги конвенциите за нагласување (врска на англиски)
- Мислете на контекстот кога правите врски (врска на англиски)
- Користете поднаслови умерено (врска на англиски)
- Не користете прелом на редови (врска на англиски)
- Википедија:Водич за пишување на подобри статии (врска на англиски)
- Не користете подстраници (врска на англиски)
- За целосен список, видете Категорија:Википедија насоки за стилот
[уреди] Насоки за начините на групирање на статиите
- Избирање на соодветна техника на групирање Википедија:Категории, листи, и кутии за серии (врска на англиски)
- По техника на групирање:
- Листи (врска на англиски)
- Категории (врска на англиски), и други статии во Категорија:Википедија категоризација
- Навигациони шаблони (врска на англиски) (или: кутии за серии)
[уреди] Други текстови и дискусии во врска со Википедија
- Сајтот Мета - Википедија (на англиски) содржи многу статии во врска со Википедија и поврзани теми во воведен стил.
- Создавање на како-да статии во Википедија (врска на англиски)