Многуженство
Од Википедија, слободна енциклопедија
Многуженство или полигамија (старогрчки: πoλυ,γαμoσ - повеќе бракови) е брачна врска од еден маж со повеќе жени или обратно. Постојат три специфични видови на полигамија: полиандрија (кога жена има повеќе од еден сопруг) и полигинија (кога маж има повеќе од една сопруга), и групен брак (некоја комбинација на полиандрија и полигинија). Спротивноста на полигамија е моногамија.
Полигинија е најчестиот вид на полигамија. Во традиционалната смисла и денес се применува во многу афрички култури, вклучувајќи Јужна Африка, и поголемиот дел на јужна и средишна Африка.
Братска полиандрија традиционално се применувала меѓу номадските тибетански племиња, како и во Непал, и делови на Кина. Оваа врста на полиандрија значи дека два или повеќе браќа делат една жена, и имаат еднаков сексуален пристап кон неа.