Михајло Апостолски
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Михајло Апостолски | |
Портрет на Михајло Апостолски | |
Роден | 8 ноември 1906 Ново Село, Штипско, Македонија |
---|---|
Починал | 7 август 1987 Дојран, СР Македонија |
Михајло Апостолски (Ново Село, 8 ноември 1906 – 7 август 1987, Дојран) е македонски генерал, политичар и историчар. Пред Втората светска војна завршува воено училиште и е генералштабен мајор. Во текот на НОБ раководи со партизанските одреди. Во мај 1943 година е назначен за генерал мајор. За редовен член на МАНУ е избран на 18 август 1967 година. Воената академија „Генерал Михајло Апостослки“ во Скопје и орденот „Михајло Апостослки“ го носи неговото име.