Мет Бонер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Метју (Мет) Роберт Бонер (англиски: Matthew (Matt) Robert Bonner) (роден 5 април, 1980 во Конкорд, Њу Хемпшир) е американски професионален кошаркар кој игра во НБА лигата за тимот Сан Антонио Спарс. Негов прв тим беше Торонто Рапторс, каде што беше миленик на навивачите кои го викаа „Црвената ракета“, заради неговата црвена коса. Мет нема некои посебни физички предиспозиции, со исклучок на неговата височина од 208 cm. Тој е специјалист за шут за 3 поени. Бонер има настапувано и во послабите тимови во Италијанската кошаркарска лига, каде доигра една сезона иако тимот банкнотира и тој не беше платен. Мет е еден од најпаметните играчи во НБА, и за време на неговата академска кариера, доби најниска оцена од 8ка, и тоа само еднаш. Можеби најславен момент на Бонер, е кога не му попушти на предизвиците на посилниот Кевин Гарнет, во меч меѓу Торонто Рапторс и Минесота Тимбервулфс, за која мини-тепачка Бонер беше избркан од мечот, но триумфално замина со двете раце кренати нагоре.