Конфедерација на слободни синдикати
Од Википедија, слободна енциклопедија
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) е синдикален сојуз во Република Македонија, формиран на 28 декември 2005 година по отцепувањето на Синдикатот за образование, наука и култура на чело со Дојчин Цветановски од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). За претседател на Конфедерацијата е избрана Светлана Петровиќ, која доаѓа од Синдикатот на финансиските организации.
КСС е формирана како резултат на судирот помеѓу Дојчин Цветановски и лидерот на ССМ, Ванчо Муратовски. Според оценката на Цветановски, ССМ и Муратовски се блиски до владата предводена од СДСМ и не се грижат за работничките права.