Колосеум
Од Википедија, слободна енциклопедија
Колосеум (на латински: Colosseum, изворно уште се нарекува и “Флавиерски амфитеатар“ (Amphitheatrum Flavium) претставува најголемиот амфитеатар во Рим и светот. Колосеумот бил изграден од страна на Флавирите во почетокот на 1 век како подарок на римските граѓани, и тоа на местото на некогашното седиште на Нерон. Во колосеумот се удржувале гладиаторски игри кои би можеле да бидат следени од страна на 50 000 луѓе. Исто така имало и борби помеѓу животни. Во случај на пожар, колосемот би можел да се испразни за само десет минути. Градењето започнало во 72 година за време на царот Веспазијана, а бил довршен десет години подоцна за време на владеењето на неговиот син Домицијан. На 7 јули 2007 година е прогласен за еден од седумте светски чуда на новиот свет.
Подоцна, објектот бил употребуван за најразлични цели, како работилници, одаи за свештеници и христијанско светилиште.