Коаксијален кабел
Од Википедија, слободна енциклопедија
Коаксијален (соосен) кабел (англиски: coaxial cable) е кабел што се состои од заштитна надворешна обвивка направена од изолатор под кој е поставена метална мрежа обвиена околу изолирани проводни жици. Сите овие делови се наоѓаат на истата заедничка оска од каде и потекнува името на овој вид кабел. Се употребува за пренесување на телефонски, телеграфски, телевизиски, а во поново време и пренос на интернет сигнали со висока фреквенција, под земја, над земја или под море, за пренос на податоци во компјутерски системи.