КГБ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Комитетот за државна сигурност (на руски Комите́т Госуда́рственной Безопа́сности, КГБ) е името на основната служба за сигурност, разузнавачка служба и служба на тајната полиција во СССР во периодот од 13 март 1954 до 6 ноември 1991.
Во текот на март 1953 година Лаврентиј Берија двете министерства (Министерство за внатрешни работи и државна сигурност) ги соединил, но по една година тој бил егзекутиран и тоа повторно се вратило на старата положба но како КГБ. Комитетот директно бил потчинен на мисистерскиот совет, а на 5 јули 1978 година овој комитет бил преименуван во Комитет на државна сигурност на СССР.
Со превратот и промена на системот во август 1991 година, на челото на КГБ бил поставен Вадим Бакатин чија цел на назначување била да го расформира КГБ. Така, рускиот дел од КГБ се трансформирал во денешната агенција Федерална служба за сигурност. Денеска, единствено во Белорусија сеуште функционира КГБ.