Зоолошка градина Битола
Од Википедија, слободна енциклопедија
Зоолошката градина во Битола е основана на 1 мај 1950 со помош на зоолошките градини од Скопје, Загреб, Белград и Суботица.
Зоолошката градина во Битола има значајно место во сферата на општественото живеење, посебно во делот на едукација на населението и заштита на одредени животински видови. Во временскиот период, во кој постои Зоолошка градина Битола, стандардите кои се бараат да ги исполнува една модерна зоолошка градина во светот во однос на условите за чување на животните, нивната исхрана и нега, сигурноста на посетителите и друго, се подигнати на највисоко ниво. Во текот на 2004 година, вработените во Зоолошката градина во Битола започнаа низa активности насочени кон подобрување на условите за живот на животните и реализација на едукативниот карактер на градината.
[уреди] Надворешни врски
|