Здружение “Антички Македонци“ - Богданци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Здружението на граѓани “АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ“ од Богданци, е македонска невладина организација чија главна цел е иницирање, унапредување и развивање на разни активности заради остварување на масовна афирмација на македонската историја и култура од античко време до денес[1].
Здружението на граѓани “АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ“ од Богданци е со седиште во Богандци (Гевгелиско), и е регистрирано на 26 јули 1993 година врз основа на чл. 16 од Законот за општествените организации и здруженија на граѓани. Претседател на здружението е Васил Иљов.
Како посебна задача на здружението се наведва афирмирањето на тезата за континуитет на Македонскиот народ од Античко време до денес[2], како и истражување и проучување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес[3].
А во преамбулата на Статутот на здружението, стои дека една од дејноста на здружението “АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ“ од Богданци ќе биде насочено кон преиспитување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес[4].
Здружението е против официјалната историска наука на Република Македонија, и де бори за ревизија на историјата со поголема афирмација на тезата за директен континуитет со антиката.
[уреди] Извори
- ↑ Член 2 од “Статутот на здружението на граѓани “АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ" - Богданци
- ↑ Член 9 од “Статутот на здружението на граѓани “АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ" - Богданци
- ↑ Член 9 од “Статутот на здружението на граѓани “АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ" - Богданци
- ↑ Преамбула на “Статутот на здружението на граѓани “АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ" - Богданци, дел Образложение, параграф 1