Васил Иљов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Васил Иљов е претседател на здружението на граѓани “АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ“ од Богданци, по професија архитект.
Има држено многу предавања на тема континуитет на Античките Македонци со денешните. Активноста на здружението и на Васил Иљов е насочена пред се кон преиспитување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес[1], како и целосна поддршка на сите проекти во полето на културно уметничката и научна дејност од областа на античката Македонска историја и култура[2].
Здружението е против официјалната историска наука на Република Македонија, и де бори за ревизија на историјата со поголема афирмација на тезата за директен континуитет со антиката.