Ехо
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ехо е феномен на звучните бранови, кој се базира на екотот. Ехото е појава во акустиката кога некој звук предизвикува многу екоти, со што изгледа како да сите тие се поврзани меѓу себе во еден продолжен, просторен звук кој е замастен.
Ваков ефект најчесто се појавува во големи хали со нерамна градба (како на пример, катедрали) каде што може прецизно да се запази. Ехото ја има способноста да го направи човековиот глас просторен, и оттука моќен, па ефектот на катедралите е искористен од страна на свештенството кога ги изведуваат своите песни, проповеди и литургии, да оставаат импресија на тие што ги слушаат.
Во аудио-инженерингот ехото најчесто се употребува да се додаде чувство на „вистински звук“ на звуците кои се премногу суви самите по себе.