Елена Ристеска
Од Википедија, слободна енциклопедија
Елена Ристеска | ||
---|---|---|
Основни податоци | ||
Роден(а) | 27 април, 1986, Скопје | |
Жанр(ови) | поп | |
Занимање/ња | пејачка | |
Прод. куќа/ќи | М2 продукција | |
Веб-место | Официјален веб-сајт |
Елена Ристеска е македонска пејачка и текстописец. Родена е на 27 април 1986 во Скопје. Претставник е на Република Македонија на изборот на песна за Евровизија за 2006 со песната „Нинанајна“ на Дарко Димитров и Раде Врчаковски.
Содржина |
[уреди] Биографија
Елена своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови. Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ кадешто е член на хорот и одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји, притоа навлегувајќи сè подлабоко во музиката.
Освен музиката, Елена е талентирана и за цртање. Таа нејзина дарба ѝ има донесено неколку локални и меѓународни награди.
Во декември 2002 Елена се приклучува кон музичкото натпреварување „Плеј - потрага по ѕвезда“ организирано од „М2 продукција“. Успева да влезе во финалето на оваа манифестација и победува пеејќи ја песната „Она другото“.
Во 2003 година излегува нејзиниот деби албум насловен „Ден и ноќ“. На албумот се поместени 9 песни, вклучувајќи го тука и нејзиниот прв голем хит - „Она другото“.
На 4 март, 2006, Елена Ристеска победува на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“. Со извојуваната победа таа го добива правото да ја претставува Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција. Во Атина успева да биде една од десетте изведувачи во полуфиналето (18 март, 2006) кои обезбедуаваат пласман на финалната манифестација. Во финалето одржано на 20 март, 2006, Елена добива 56 поени и го освојува 12-то место.
[уреди] Тривијални податоци
- Висока е 164 cm.
- Смета дека интернет е „најпаметна работа, милион информации бесплатно“.
- Омилена глумица ѝ е Анџелина Џоли, но за најсекси ТВ лице ја смета Памела Андерсон.
- Омилен пијалок ѝ е бело топло чоколадо, а омилени јадења зелена салата, риба и помфрит, руска салата и овошна салата.
- Сака: петки, парфеми, ситни, но значајни работи, музика, искреност и верност. Не сака: дволичност, иронија, сирење, лекар, заболекар, пазар и зима.
- Нејзино животно мото е: „Самодовербата, желбата, упорноста, точноста и трпеливоста се најважни работи кои водат до исполнување на целта“.
[уреди] Албуми
- И јас сакам да бидам ѕвезда (2002)
- Ден и ноќ (2003)
- Нинанајна (2006)
- 192 (2006)
[уреди] Надворешни врски
- Елена Ристеска Fan
- Официјален веб-сајт на Елена Ристеска
- Елена Ристеска онлајн - Веб сајт посветен на Елена Ристеска (на англиски јазик)
- Веб-сајт на Елена Ристеска
- Лична карта на Елена Ристеска на Музика.нет.мк
- Елена на Википедија на англиски
- Повеќе информации за Елена Ристеска на веб, под итно!
- Елена Ристеска на m2.com.mk
- Елена Ристеска Fan Forum (на српски јазик)
- OFFICIAL FAN CLUB CROATIA