Едвард Џенер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Едвард Џенер (17 мај 1749 - 26 јануари 1823), англиски лекар, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници. Дошол до сознание дека луѓето заразени со „кравјите сипаници“ не добиваат големи сипаници ниту за време на епидемијата и по две децении работење, во 1796 година ја пронашол вакцината која набрзо ширум светот е прифатена како заштита од смртоносните големи сипаници.