Диего Веласкез
Од Википедија, слободна енциклопедија
Диего Родригес де Силва Веласкез (6 јули, 1599 - 6 август, 1660) е еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надминал со духот на критичкиот реализам.
Најпознати негови дела се Дворски дами, Предавањето на Бреда (наречено и Копја), Венера со огледало и Ткајачи на килими. Роден е во Севилја, на 6 јули 1599 година.