Дарвинизам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дарвинизам е наука за еволуцијата, за настанокот на растителните и животинските видови. Дарвинизмот го вклучува и човекот. Дарвинизмот се води по пат на природна селекција, односно на одржување во живот на најспособните во борбата за опстанок.
Нејзиниот зачетник Чарлс Дарвин со својата книга "Потеклото на видовите" (1859) извршил пресврт во сфаќањата за органскиот свет покажувајќи дека животот на земјата се менува и се развива како вечен процес. Покажал дека сите органски облици се последица на тој развој, а не производ на "созадавање со чудо".