Гетсиманска градина
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гетсиманската градина (хеб. Hortvs Gethsemani) е една од најпознатите места во историјата на човештвото. Таа се наоѓа под Маслиновата гора, блиску до ѕидините на стариот град во Ерусалим.
Гестиманската градина е всушност местото каде Исус Христос ги одржувал повеќето од своите молитви и каде се собирал честопати со своите ученици-апостоли. Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со војниците и со бакнеж на левиот образ на Исус го предал на Кајфа.
На мeстото, каде според преданијата Јуда го предал Исус Христос, е била изградена базилика уште во 5 век. Во текот на 1919-1924 година била изградена современа црква од сите нации. Во неа има 12 куполи и грбовите на 12-те држави, кои донирале средства за изградбата. Внатре има слики, кои го покажуваат “Гетсиманското молење, “Предавањето на Спасителот” и “Апсењето на Христос”, на подот пред олтарот има ставено венец од трн, која ја заобиколува скалата на која се молел Христос.