Гвинејски Залив
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гвинејскиот Залив е дел од Атлантскиот Океан сместен југозападно од Африка. Заливот се смета за географски центар на Земјата, бидејќи се наоѓа на нула степени лонгитуда и латитуда (место кадешто се среќаваат екваторот и гриничкиот меридијан).
Заливот го носи името од поранешните имиња за бреговите во Африка. Јужниот брег на Западна Африка, северно од Гвинејскиот Залив, беше историски нарекуван "Горна Гвинеја". Западниот брег на Јужна Африка, на исток, беше историски познат како "Долна Гвинеја". Името "Гвинеја" е сè уште приврзано за имињата на трите земји во Африка: Гвинеја, Гвинеја-Бисау и Екваторијална Гвинеја, како и за Нова Гвинеја во Меланезија.
Меѓу многуте реки кои се влеваат во Гвинејскиот Залив се реката Нигер, Волта и Конго. Брегот на заливот вклучува Бенинскиот Затон и Бонискиот Затон.