Вирален маркетинг
Од Википедија, слободна енциклопедија
Маркетинг |
Основи |
Производ / Цена / Промоција |
Промоција |
Огласување / Брендирање |
Медиуми |
Печатење / Публикување / Broadcasting |
Вирален маркетинг (англиски: viral marketing) е техника на рекламирање која ги искористува постоечките социјални мрежи за да предизвика експоненцијални зголемувања за свесноста на брендот, преку вирални (вирусни) процеси кои налекуваат на ширење на епидемија. При тоа, преносот на информации е многу брз и со широк опсег, преку лични контакти (word of mouth) зајакнати со употребата на интернет.
Овој вид маркетинг е доста прифатлив за компаниите од причина што е доста поефтин од останатите конвенционални начини на рекламирање.
Често се случува виралната (вирусна) кампања да биде започната од луѓе надвор од компанијата чијшто производ или услуга се промовира.