Велика Британија (остров)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Велика Британија е остров што лежи на растојание од северозападниот брег на Европа, чинејќи го главниот дел од територијата на Обединетото Кралство (United Kingdom). Трите земји што го покриваат островот се Англија, Шкотска и Велс. Покрај нив во рамките на кралството се наоѓа уште и Северна Ирска.
[уреди] Географска дефиниција
Со површина од 224 000 km² островот Велика Британија е најголемиот од британските острови. Друг голем остров во архипелагот е Ирска. Велика Британија е најголемиот остров во Европа и осмиот најголем остров во светот. Тој е исто така трет најнаселен остров во светот по Јава и Хоншу.
Велика Британија се протега во должина од околу десет степени латитуда според нејзината подолга, север-југ оска. Географски островот е обележан со ниски земјишта на исток и југ, додека пак ридовите и планините доминираат во западните и северните региони. Пред крајот на последнота ледена доба, Велика Британија била полуостров на Европа; нивоата на морињата кои се издигнувале како резултат на топењето на глечерите по ледената доба го предизвикале формирањето на Англискиот Канал, водена површина која сега го дели островот од европското копно.
Климата на Велика Британија е поумерена отколку таа во другите региони на северната хемисфера на истата латитуда, поради топлите води на Голфската струја кои поминуват покрај британските острови и делумно влијаат на климата. Ладна, но не студена температура, облаци почести отколку сонце и големо количество на дожд се начинот на живот на островот.