Бугарски човекови права во Македонија (политичка партија)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бугарски човекови права во Македониjа (скратено БЧПМ) (грчки: Βουλγαρικά Ανθρώπινα Δικαιώματα στη Μακεδονία - ΒΑΔΜ; на бугарски: Български човешки права в Македония - БЧПМ) е политичка партија на бугарите во Егејска Македонија. Седиштето на организацијата е во градот Воден. Основана е во јуни 2000 г.[1] Партијата се бори за признавање на бугарско малцинство во Северна Грција. Претседател на организацијата е Николај Стојанов (Николаос Стоидис) од Воден.[1]
Партијата смета дека македонска нација не постои ниту на грчка територија, ниту на територијата на Република Македонија, а месното население е со бугарско потекло. Според секретарот на организацијата Андон Кацоров (Андонис Кацорис) од град Суровичево „човековите права на бугарите во Грција и во Република Македонија се повредуваат систематски од владите на овие две држави и сакаат заштита.“
Партијата е за:
- признавање на бугарското национално малцинство на територијата на Грција;
- враќање на конфискуваните имоти на бугарите во Егејска Македонија, проценети на 1 трилион драхми;
- уништување на сите „неприфатливи споменици“ на грчки андарти на територијата на Егејска Македонија;
- ревизија на Букурешкиот, Нејскиот и Севрскиот договор;
- "признавање на извршениот од грчката влада геноцид над бугарите во Егејска Македонија во 1912 - 1919 и во 1944 - 1950 година";
- "враќање на грчкото државјанство и дозвола за враќање на бугарите-бегалци од Грција, кои што живеат во Бугарија и мал дел во Република Македонија". [2]