Аџарија
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||
Официјален јазик | грузијски | ||
Главен град | Батуми | ||
ISO code | GE.AJ | ||
Премиер | Леван Варшаломиѕе | ||
Површина - Вкупно - % вода |
2 900 km² n/a |
||
Население - вкупно (1989) - Густина |
392 432 135,32/km² |
||
Етнички состав (1989) |
грузијци: 82,8% руси: 7,7% ерменци: 4,0% грци: 1,9% |
||
валута | Лари | ||
временска зона | UTC +3 |
Аџарија (грузијски Аџара) , е автономна република во составот на Грузија. Разположена е во југозападниот крај на државата, на границата со Турција и на източниот брег на Црното море. Во различни времиња автономната република била позната со името Aџаристан и Aџарска Автономна Советска Социјалистичка Република (Aџарска AССР).
Содржина |
[уреди] Географија
Поради своите географски погодности територијата на Аџарија може да се раздели на две страни– приморска и планинска.
Приморската страна се одликува со карактеристиката за субтропска зона со висока среднегодишна температура (+14,5 степени, температурата во наладниот месец јануар е +6,5 степени), обилни врнежи (околу 2500 мм годишно) и многу сончеви денови.
Во планиснката страна на Аџарија влијанието на црноморските струи е ослабено и тука воздухот се карактеризира со голема сувост. Средна височина на планинските масиви е 2000—2500 м.
На територијата на областта е создаден Кинтришкиот национален парк, чија цел е да сочува исклучителните растителни и животински видови. .
[уреди] Историја
Во антиката Аџарија е густо населена, економски и културно развиен регион во историската Колхида. По записите на историчарите од тоа време, како Херодот, Страбон и Ксенофон, во Југозападна Грузија биле развиени на високо ниво металургијата, земјоделието и сточарството. На територијата на Аџарија сочувани се мостови и културни градби, град-тврдина од епохата на царицата Тамара од (XII век).
[уреди] Население
Во Аџарија живеат 376 400 ил. жители претежно аџари. Тие се етнички грузијци, кои зборуваат на локален дијалект на грузискиот јазик. Аџарите го примаат христијанството пред IV век, но во време на османската власт XVII-XIX век населението е исламизирано. Во областта се сочувани мноштво на манастири, а и често во народните празници се создава мешање на христијанската и муслиманската традиција.
Населението на Аџарија е познато главно како грузиски муслимани до 1926 г., кога советските власти ги признаваат како аџари. Подоцна советската власт ги квалифицира како категорија грузијци, без да навлегува во религиозната припадност.
По распаѓането на Советскиот сојуз населението на областа со брзо темпо и доброволно го примаат христијанството, особено младите луѓе. Интересно е да се каже, на денешен на територијата на Аџарија има само една џамија во главниот град Батуми и 14 христијански цркви.
Во областа живеат уште ерменци, евреи, руси и абхазијци.
[уреди] Градови
Аџарскиот главен град Батуми е основната морска порта на Грузија. Други градови во Аџарија се:
- Кеда
- Кобулети
- Хелвачаури
- Шуахеви
- Хуло
|