Амазон (река)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Амазон е најголемата река во светот според количината на вода, со вкупен проток поголем од сите други 10 најголеми реки заедно. Реката Амазон придонесува за приближно 1/5 од вкупниот речен ток, и е најголемо сливно подрачје во светот. Постои несогласување околу нејзината должина, и заедно со Нил е една од најдолгите реки во светот. Поради огромните димензии, често ја нарекуваат и река-море, и на ниедно место не е премостена со мост. Во 1500 година Виценте Јањез Пинзон бил првиот европјанин што впловил во реката, и ја нарекот „слатко море“.