Ал Акса
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ал Акса (арапски: المسجد الاقصى, Al-Masjid Al-Aqsa) е џамија која се наоѓа во Ерусалим. Оваа џамија е една од најпознатите муслимански светилишта.
На местото каде денеска се наоѓа Ал Акса, некогаш се простирал ерусалимскиот храм. Тој храм бил до темел срушен во 1 век по неуспешните демонстрации на евреите против тогашната римска империја. По овој чин, на секој евреин му бил забранет влез во Ерусалим. Само што градот бил “ослободен“ од страна на Византија, тој попаднал под нова власт- муслиманска. Тогаш муслиманите од тогашното светилиште за христијаните изградиле џамија. Западниот ѕид на сегашниот објект се смета дека е единствениот остататок од Соломонскиот храм и претставува најсвето место за евреите кои го нарекуваат ѕид на плачот.
Ал Акса се наоѓа на местото на некогашниот храм каде според Библијата, Аврам го донел Исак со цел да го жртвува со кое би ја покажал својата верност кон Бог. Таа стена сеуште се наоѓа во средината на Ал Акса. Но спротивно од тоа, муслиманите тоа го негираат. Од Ал Акса исто така може да се види и Златната капија, која некогаш се нарекувала и источна. Тоа е капијата низ која поминал Исус Христос при влегувањето во Ерусалим.