Алберто Моравија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Алберто Моравија (Рим, 22 јуни 1907 - Рим, 26 септември 1990) е современ италијански писател.
Вистинското презиме на Алберто е Пинкерле. Светска слава постигнал со романите во кои го обработува моралното раслојување на италијанската буржоазија. Работел на многу книжевни родови, вклучувајќи и театарски дела, кратки раскази и есеи. Се занимавал со филмска и театарска критика. Најпознати дела му се: „Римјанка“, „Комформист“, „Чочара“, „Презир“, „Римски раскази“, „Нови римски раскази“ и „Досада“.