Разговор со корисник:Kiril Simeonovski
Од Википедија, слободна енциклопедија
Страницата за помош и ЧПП ќе ви помогнат по регистрацијата. Тие објаснуваат како да се користи Википедија, како да се уредуваат статии и како треба да изгледаат статиите. Погледнете и како да почнете нова статија. Не треба да имате некакви стручни знаења за да допринесете на Википедија. Работете слободно на Википедија и разговарајте со другите. Ова е вики - сè е едноставно. Повеќе информации се достапни на Порталот каде што можете да ги поставите Вашите прашања. Прашањето може да го поставите и на ИРЦ, каде што веднаш ќе добиете одговор. Можете да ги контактирате и администраторите доколку имате некое посебно прашање. |
|
--brest 15:07, 28 март 2008 (UTC)
[уреди] Празно место после интерпункциски знак
Би сакал да ви укажам дека правилно е после секој интерпункциски знак (точка, запирка, прашалник, извичник, двоточка, точка запирка и сл.) се остава едно празно место. Иначе ги имате моите пофални зборови за уредувањата кои ги правите во последно време во врска со статиите посветени на Далај Лама. Само напред.--brest 17:40, 14 мај 2008 (UTC)
[уреди] математика?
На својата страна си напишал дека интерес ти е математиката. Математичар си? :))))) Или? Поздрав! --Филип 10:50, 24 мај 2008 (UTC)
[уреди] Неколку работи
Си ја создал статијата Гусар, но и статијата Приватер, и двете со иста содржина. За еден поим треба да постои само една уникатна статија, и тоа со името што најчесто се користи. Сите други имиња што го означуваат тој поим треба да пренасочуваат кон таа статија. Во случајов, „Приватер“ треба да пренасочува кон „Гусар“. Тоа се прави многу едноставно: само додади го следново на статијата „Приватер“:
#REDIRECT [[Гусар]]
Со ова, „Приватер“ ќе пренасочува кон „Гусар“.
Друго: добро е што додаваш интервики врски на секоја статија, но забораваш да додадеш и интервики до англиската статија (пример, вака: [[en:Privateer]]
). Исто така, треба да додадеш и македонско интервики на англиската статија ( [[mk:Гусари]]
). Со тоа им овозможуваш на ботовите да го додадат македонското интервики на сите верзии за таа статија.
Уште нешто: на статиите никогаш не треба да се пишува целиот код на една навигациона кутија, туку се користат шаблони. На пример, содржината од шаблонот en:Template:Pirates си ја превел и си ја внесувал на разни статии, но таа содржина треба да си стои во шаблон, па тој шаблон да се трансклудира. Од сега, користи го шаблонот {{Пирати}}, а ако во иднина имаш потреба од некој друг шаблон и не знаеш како да го направиш (а си ја превел содржината :D), само кажи ми, ќе го направам јас.
Ако нешто не ти е јасно, слободно прашај ме! Поздрав. --iNkubusse A? 14:39, 26 мај 2008 (UTC)