Корисник:INkubusse/Администрација
Од Википедија, слободна енциклопедија
Заради огромната потреба од средување на администрацијата на македонската Википедија, составив табела со имињата на главните поткатегории во категоријата Категорија:Википедија:Администрација/en:Category:Wikipedia administration, како и некои поважни страници од именскиот простор „Википедија“ и „Помош“. Од лево се дадени имињата на категориите на англиската Википедија, а десно соодветните преводи на македонски. Страниците што не се категории имаат ѕвездичка (*) пред нив.
Сите се добредојдени да учествуваат во дискусијата за категориите и да придонесат во именувањето. Сепак, подобро е да сте запознаени со темата, односно со категоријата и нејзината намена. Ве молам не менувајте ништо, пред претходно да дискутирате за тоа на страницата за разговор!
Откако се решат овие основни проблеми, следуваат поважните страници од именскиот простор „Википедија“, особено оние Policies и Guidelines.
[уреди] Колони
- Англиски: име и врска до категоријата на англиската Википедија
- Македонски: име (превод) и врска до правилната категорија на македонската Википедија
- Преведено?: ако категоријата е соодветно преведена и нема никакво двоумење, треба да стои знак за штиклирање; ако има било какво двоумење за името, треба да стои знак икс
- Средена?: ако името на категоријата е договорено, дали категоријата е средена, односно дали е правилно категоризирана и има соодветно објаснување и шаблони. Треба да стои знак за штиклирање за „средена“, а знак икс за „несредена“.
- Грешна: ако веќе постои друга категорија што соодветствува на оваа категорија, но со грешно име, треба да стои знак икс (✗) и врска до неправилната категорија; ако нема таква грешна категорија, треба да стои „нема“
- Коментари: ако има било какви проблеми со македонската категорија, тука треба да се дадат коментари (на пример, кој дел од името е проблематичен или алтернативи за името)