Јанис Рицос
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роден(а): | 1 мај 1909 Монемвазија, Грција |
---|---|
Починал(а): | 11 ноември 1990 Атина, Грција |
Занимање: | поет |
Јанис Рицос (грч. Γιάννης Ρίτσος) (1 мај 1909 - 11 ноември 1990) е грчки поет.
Се смета за еден од четворицата најголеми грчки поети на дваесеттиот век, заедно со Костис Паламас и нобеловците Јоргос Сеферис и Одисејас Елитис. Францускиот поет Луј Арагон еднаш има речено дека Рицос е "најголемиот поет на нашата епоха." Девет пати неуспешно е предложуван за Нобелова награда за литература. Сепак, кога ја добива Лениновата награда за мир (позната и како Сталиновата награда за мир пред 1956 година) изјавува: "оваа награда ми е поважна отколку Нобеловата".
Неговата поезија често е забранета во Грција, поради нејзината лево-ориентирана содржина. Меѓу поважните дела од опусот на Рицос се издвојуваат Трактор (1934), Пирамиди (1935), Епитаф (1936), и Бдеење (1941–1953).
Во главно Рицос пишува песни во политички контекст, "служејќи му на комунизмот со својата уметност" како што го опишуваат неговото творештво современите филолози. Една од ретките песни што ги одбегнува социјалните теми е неговата позната Месечева соната:
- Знам дека сите патуваме да љубиме сами,
- сами кон верата и смртта.
- Знам. Пробав. Не помага.
- Дозволи ми да дојдам со тебе.
[уреди] Надворешни врски
|